Connect with us

Адеми: Ако веруваш во себе – ќе оствариш успех

Аријан Адеми е човекот за големи дела во македонската фудбалска репрезентација. Кога тој влезе против Романија, бевме на чекор до бод, а одигра фантастично во средниот ред против Германија и беше асистент за победничкиот погодок на Елиф Елмас.


Секогаш максимално професионален, вистински пример за репрезентативец, Адеми вели дека вербата во сопствените можности е клучот за успехот на Македонија.


„Ова е голема победа за сите нас. Верувавме во тоа и на крајот го остваривме, мислам дека беше сосема заслужено. Кога човек верува во себе, може да направи буквално се. Имаме одлична генерација и најважно е што сега тоа го покажуваме на сите. Од Германците најголем впечаток ми остави Гундоган, тој играчки е над сите таму“, изјави Адеми.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови