Connect with us

Жижовиќ: Ни се случува двапати по ред да не постигнеме гол

Шкупи на два последовни натпревари не успева да постигне гол. Тоа го загрижува тренерот Млден Жижовиќ, кој ја потенцираше оваа слабост по дуелот против Брегалница (0-0) во Штип.


„Не можам да бидам задоволен од овој резултат. Ни се случува двапати по ред да не постигнеме гол, а сега промашивме и пенал. Не сакам да се жалам поради лошите терени, мислам дека ние мораме повеќе да поработиме на реализацијата, за да не се доведеме повторно во слична ситуација. До крајот ќе се бориме за титулата. Мораме да се фокусираме на следните натпревари и одиме по нови бодови“, изјави Жижовиќ.

Шкупи ќе го стартува третиот круг натпревари во Првата лига со дуел на домашен терен против Работнички.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови