Connect with us

ЖФК Деспина: Бевме физички нападнати во Каменица

Женскиот фудбалски клуб ЖФК Деспина од Прилеп преку соопштение до јавноста го искажа своето незадоволство од гостопримството на тимот на Каменица во Купот на Македонија.


Соопштението на ЖФК Деспина ви го пренесуваме во целост:

„Фудбалерките на ЖФК Деспина физички нападнати по завршување на полуфиналниот натпревар во Каменица. Почитувана спортска јавност пред два дена се случи најтрагичниот и најмизерен настан во женскиот фудбал во Македонија во кој очигледно службените лица го штитат женскиот фудбалски клуб Каменица Саса.

Имено, по завршување на полуфиналниот Куп натпревар одигран на 25 април од 12:00 часот физички и вербално беа нападната фудбалерките на ЖФК Деспина од страна на фудбалерките на ЖФК Каменица и нивниот тренер. Наместо нивната фудбалерка која е повредена пред скоро два месеци, и сега излегува со паушални изјави и невистини, а пред два дена беше главен креатор и иницијатор на нападот на нашите фудбалерки заедно со нивниот тренер и неговата сопруга која не е службено лице, а беше присутна во службени простории за да напаѓа физички и вербално, навредува и омаловажува фудбалерки од по16 и 17 години.

Зошто повредената фудбалерка Мила Талевска која се здоби со повреда на 5 март во Прилеп по скоро два месеци излегува со лажни изјави и обвиненија кои ќе треба да ги докаже и пред надлежни органи по портали кои шират невистини и лаги обвинува дека намерно е повредена, а истата фудбалерка на Куп натпреварот од 25 април физички и вербално ги напаѓа фудбалерките на нашиот клуб со помош на нејзиниот тренер, неговата сопруга и нивниот капитен.

Од преносот на натпреварот од 25.04.2023 година од кој имаше пренос се слуша како членови на домашната екипа викаат кон нашите фудбалерки ги навредуваат им се заканунаат како на пример: Убите ги, ќе гори Прилеп, скршете ѝ ја ногата, нема да излезите од тука.

По повредата на фудбалерката на ЖФК Каменица во Прилеп на 5 март која со брза помош е пренесена во Прилепската болница и ѝ е пружена потребната нега и помош, по завршување на натпреварот тренерот на нашата екипа Стеван Талески и капитенот Кате Милеска одат по налог на претседателот на клубот во прилепската болница за да ја видат состојбата на повредената фудбалерка Мила и да изразат жалење за немилиот настан.

Нејзината фрустација и испади кои ги направи во Каменица на 25 април не може со никакви лажни изјави и комертари дека намерно е повредена, да ги прикаже како вистинити, бидејќи за сè има видео записи.

Жално и срамно е што и Комисијата за женски фудбал молчи и ја штити екипата од Каменица, за што ние ќе доставиме и соодветна пријава за овој немил настан.

Исто така следува видео од 26 секунди како повредената фудблерка на ЖФК Каменица пред два дена коментира и нè навредува во Каменица. Сакаме да прашаме зошто нема видео од натпреварот од 25 април помеѓу ЖФК Каменица и ЖФК Деспина бидејќи истиот видео запис од натпреварот кој одеше во живо е тргнат од страна на ЖФК Каменица од нивниот Youtube канал, а каде се слушаат само навреди, пцуње, закани кон нашите фудбалерки ?!?!!?“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови