Connect with us

Втора лига Запад: Вардар се надева дека ќе го победи Силекс, а после Силекс ќе ја победи Воска

Станува неверојатно интересно во Втората лига Запад. Почнува разврската и ако Силекс е веќе прволигаш, но и размислува за настапот во финалето на Купот на Македонија, Вардар и Воска се уште се во сериозна трка за второто место кое води во баражот за пласман во елитата.

А во двете последни кола многу работи ќе зависат и од Силекс. Шампионот во Втората лига Запад денеска му гостува на Вардар, а во последното коло ќе ја пречека Воска.

„Црвено-црните“ денеска мораат да го победат Силекс ако сакаат да ги продолжат надежите за второто место, освен ако не добијат „помош“ од Беса, која и гостува на Воска. Во моментот, Воска има три бода предност пред Вардар, но „црвено-црните“ имаат подобар меѓусебен дуел.

Интересно е и во битката за опстанок. Охрид во моментот има два бода предност пред Кораби и денеска му гостува на Гостивар. Кораби е гостин на Тетекс, а во последното коло го пречекува Вардар.

ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА ЗАПАД, 26.КОЛО (17 ЧАСОТ)

ВАРДАР – СИЛЕКС

ВОСКА – БЕСА

ТЕТЕКС – КОРАБИ

ГОСТИВАР – ОХРИД

КАДИНО – ВЕЛЕШТА

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови