Connect with us

Втора лига: Беса и Пелистер со минимални победи, а Победа го изненади Детонит

Лидерот Беса оствари минимален триумф (0-1) на гости против Вардар Неготино и го продолжува сигурниот чекор кон прволигашкото друштво. Стрелец на победничкиот гол за Беса беше Изаир Емини во 70.минута од мечот.

Пелистер исто така славеше минимално (0-1) на гости против ФК Скопје на „Автокоманда“. Михаил Талевски беше стрелец на погодокот за „зелените“ од Битола.

Детонит Плачковица одигра само 1-1 против Победа на домашен терен. Дебрешлиоски ја доведе Победа во предност во 11.минута, а израмни Иван Настевски пред крајот на првиот дел.

Марио Станковски беше двоен стрелец во триумфот (1-4) на Тетекс на гости против Караорман.

Каменица Саса го победи Осогово со 2-1, а Кожуф славеше над Башкими со 1-0, со голот на Ангел Кочев од пенал.

Беласица триумфираше со 1-3 на гости против Новаци, а Арсими и Охрид ремизираа без голови.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови