Connect with us

Вијали за борбата со канцерот: Страв ми е од смртта, но сакам да видам што има и на другата страна

Поранешниот напаѓач на Јувентус, Џанлука Вијали има жестока битка со канцерот. Прославениот фудбалер проговори за тоа во јавноста.


„Оваа болест не е само страдање, има многу прекрасни моменти. Животот е 20 отсто од она што се случува и 80 отсто од тоа како реагирате на настаните. Болеста може да каже многу за вас, може да биде нова можност. Се плашам од смртта, но во извесна смисла ме интересира да знам што се случува на другата страна“, изјави Вијали за „Football Italia“.

57-годишниот Џанлука Вијали е дел од стручниот штаб на Роберто Манчини во италијанската репрезентација. „Аѕурите“ на 24 март во Палермо ќе ја пречекаат Македонија во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови