Connect with us

Тотенхем сака да го задржи Хари Кејн до 2027 година

Тотенхем повторно ќе биде дел од елитното издание на Лигата на шампионите, а следната сезона сака да биде конкурентен и во трката за шампионската титула во Премиер – лигата. Ова треба да биде доволно за да се убеди Хари Кејн да го продолжи договорот со лондонскиот тим до 2027 година.


Фостер и Перишиќ пристигнаа на „Вајт Харт Лејн“, треба Бисума да биде официјализиран, но тука не е крајот на трансферите. Сепак, најважно за Тотенхем е продолжувањето на договорот на Кејн.
Англиските медиуми веќе пишуваат за преговорите со капитенот на репрезентацијата на Англија.

28-годишниот напаѓач има валиден договор до 2024 година. Се уште постои голем интерес за него.

Се пишуваше за Баерн, а имајќи предвид дека и на Манчестер Јунајтед и на Челси им е потребен напаѓач – мора да внимаваат во Тотенхем.

Раководството е подготвено да понуди продолжување на соработката до 2027 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови