Connect with us

Тотенхем го искористи киксот на Ливерпул, победа и за Челси (ВИДЕО)

Тотенхем на најдобар можен начин го искористи киксот на Ливерпул и славеше против Нотингем Форест со 3-1. Со ова лондонскиот клуб побегна на шест бода позитива во трката за четвртата позиција на табелата во Премиер – лигата која води во ЛШ.

Хари Кејн беше двоен стрелец во првиот дел, еднаш од пенал, а Хјонг – Мин Сон зголеми на 3-0.

Ворол го постигна почесниот погодок за гостите кои во судиското продолжение и не искористија пенал.

Челси славеше на гости против Лестер со 1-3. Чилвел го отвори резултатот, Лестер израмни преку Дака во 39.минута, но Каи Хаверц во последните мигови постигна гол за предност на полувремето.

Во вториот дел, Матео Ковачиќ го постигна третиот гол за Челси.

Евертон го совлада Брентфорд со 1-0, а Лидс и Брајтон ремизираа 2-2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови