Connect with us

Солскјер верува дека Кавани ќе остане во Манчестер Јунајтед и следната сезона

Иднината на Единсон Кавани е нешто што фудбалерот и Манчестер Јунајтед треба да го дискутираат на крајот од тековната сезона. Таткото на Уругваецот неодамна изјави дека неговиот син сака да се врати во Јужна Америка во текот на летото и дека не сака да продолжи да игра во Англија.

Сепак, тренерот на „црвените ѓаволи”, Оле Гунар Солскјер, верува дека поранешниот напаѓач на ПСЖ ќе остане во Премиер – лигата.

„Имаме постојани и искрени контакти со претставниците на Кавани и не е тајна дека сакаме да го задржиме. Оваа година беше тешка година за секого.

„Поради пандемијата, не беше можно да ни дојдат пријателите или семејството на гости. Тој не беше во можност да ја доживее фантастичната култура на Манчестер и на Англија и поради тоа, размислува за тоа што сака во иднина.

“Но, го разбирам. Тој знае што сакаме ние. Јас посакувам да го видам како постигнува погодок со глава пред полн „Олд Трафорд“ како против Тотенхем. Останува да видиме”, додаде Солскјер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови