Connect with us

Скандал на „Бернабеу“: Ал-Келаифи и Леонардо ги нападнале судиите

Раководството на Пари Сен Жермен очигледно не знае да поднесе пораз. Шпанските медиуми откриваат дека претседателот на клубот, Насер Ал-Келаифи, и спортскиот директор Леонардо по завршувањето на мечот (3-1) влетале кај судиите и сакале да се објаснуваат. Најверојатно вината за елиминацијата ја бараат во арбитражата, а морала да интервенира и полицијата.

ПСЖ имаше неверојатна предност, триумф од 1-0 од Париз и водство (0-1) по првото полувреме на реваншот во Мадрид. Сепак, избраниците на Маурисио Покетино дозволија да примат три гола во второто полувреме. Главен виновник за тоа беше Карим Бензема, а при првиот гол имаше огромна помош од Џанлуиџи Донарума.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови