Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар вчера и официјално ги почна подготовките за новата сезона. За првпат во историјата, „црвено-црните“ ќе играат во второлигашка конкуренција, а тренерот Горан Симов најавува дека мисијата е да се врати најголемиот клуб во Македонија во елитата. За тоа ќе треба да се издржат и надминат сите пречки во Втората лига Запад.
„Знаеме каква беше ситуацијата во Вардар, се уште сите зборуваат само за тоа, но јас имам максимална доверба во новото раководство. Мисијата е да го вратиме најтрофејниот клуб таму каде што припаѓа во елитата. Нема да биде лесно, знам од искуство како е да се игра во второлигашка конкуренција, а сите ќе играат до последна капка пот за да го победат Вардар. Но, верувам дека добро ќе се подготвиме и со голем труд и напорна работа дека ќе успееме да ја реализираме целта“, вели Горан Симов.
Вардар првата фаза од подготовките ќе ја реализира во Скопје, а потоа ќе замине во Охрид, каде е планирано одигрување на неколку пријателски натпревари.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski