Connect with us

Шкупи го претстави Гуџуфи

Македонскиот прволигаш Шкупи го претстави Бесар Гуџуфи како ново засилување. Тој доаѓа од турскиот гигант Бешикташ како позајмен играч до крајот на сезоната.


„Ја прифатив можноста да го носам дресот на Шкупи. Тоа е клуб кој се бори за трофеите во Македонија, има реални шанси и за шампионската титула и за Купот. Одлично сум примен од соиграчите и ќе дадам се од себе да придонесам максимално во дресот на Шкупи во вториот дел од сезоната“, изјави Гуџуфи.


Се очекува Гуџуфи да дебитира за тимот на Шкупи на претстојните пријателски натпревари во Анталија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови