Николче Шаркоски е нов фудбалер на Работнички. Тој доаѓа како слободен агент и се враќа во клубот од Дебар Маало по една и пол сезона која ја мина во редовите на Академија Пандев.
Шаркоски потпиша едногодишен договор со Работнички.
„Среќен сум што се враќам во редовите на Работнички. Ова за мене е добро позната средина, верувам дека брзо ќе се вклопам и дека ќе му помогнам на тимот да ги реализира клупските цели“, изјави Шаркоски за клупскиот сајт.
Работнички денеска го игра мечот од 1/16-финалето во Купот на Македонија против БВК Коњари.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement