Connect with us

Шабани: Да го заборавиме побрзо поразот од Македонија ЃП

Струга Трим Лум доживеа непријатен пораз (1-3) на домашен терен од Македонија ЃП, тимот кој е во најдобра форма во пролетниот дел од првенството и бележи само победи.


Единствениот гол за стружани го постигна Буњамин Шабани од пенал во финишот од мечот. Тој вели дека поразот треба брзо да биде заборавен, затоа што тимот веќе го очекува следен натпревар в недела.

„Одигравме слабо прво полувреме каде противникот не казни за нашето невнимание, потоа беше потешко, иако се обидовме со сите наши сили. Мислам дека треба што побрзо да го заборавиме овој пораз и да ги поправиме грешките, бидејќи после три дена ни претстои следниот натпревар“, изјави Шабани.

На стартот од третиот круг, Струга ТЛ ќе игра против Академија Пандев во Струмица.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови