Connect with us

Сем Алардајс го презеде Лидс со задача да му обезбеди опстанок

Англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед го именува Сем Алардајс за нов менаџер до крајот на сезоната. Тој потпиша договор до крајот на сезоната, а ќе добие бонус од дури 2,5 милиони фунти доколку го спаси клубот од испаѓање од Премиер – лигата.


Алардајс ќе дебитира на гости против актуелниот англиски шампион Манчестер Сити, а до крајот на сезоната го очекуваат пресметки со Њукасл, Вест Хем и со Тотенхем.


Задачата за опстанок воопшто не е лесна, Лидс на четири натпревари до крајот на првенството има 30 бода и се наоѓа веднаш над зоната за испаѓање поради подобрата гол-разлика од Евертон со идентичен број бодови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови