Connect with us

Саудијци нудат 3,2 милијарди долари за да го купат Ливерпул

Конзорциум од Саудиска Арабија е многу заинтересиран за купување на фудбалскиот клуб Ливерпул и подготвен е да плати огромни пари, пренесуваат британските медиуми.


Пред Светското првенство во Катар, сопствениците на Ливерпул, „Фенвеј Спортс Груп“ објавија соопштение во кое најавија дека се отворени за нови инвеститори во клубот. Ова не значи строга продажба на целокупните акции, но во меѓувреме стана јасно дека, доколку добијат задоволителна понуда, ќе бидат подготвени целосно да го напуштат Ливерпул.


Наддавањето сега започна и вредноста на клубот се проценува на над 3 милијарди долари, што е 10 пати повеќе од цифрата што тие ја издвоија во октомври 2010 година за купување на Ливерпул.


Пред неколку години беше незамисливо инвеститорите од Саудиска Арабија да прават бизнис на британска територија поради силната поддршка на тероризмот, но оттогаш ситуацијата е подобрена и односите меѓу двете земји се солидни. Оттука и дозволата на Фудбалската асоцијација на Англија саудискиот конзорциум да го преземе Њукасл.


За Ливерпул, заинтересираните инвеститори се подготвени да платат 3,2 милијарди долари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови