Connect with us

Роналдо: Се гордеам што станав светски рекордер

Кристијано Роналдо постави два исклучително важни рекорди во кариерата за време на квалификацискиот натпревар на Португалија за ЕП 2024 против Лихтенштајн.


Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Јунајтед го забележа својот 197. натпревар на национално ниво, што го прави играч со најмногу настапи на сите времиња.
На почетокот на вториот дел постигна и два гола, со што се заокружи на 100 гола за националниот тим на меѓународни натпревари. Достигнување кое досега го немаше направено ниту еден играч во светскиот фудбал.

По средбата Роналдо изјави дека е горд на тоа што го направил.

„Одлично е што повторно играм и давам гол за репрезентацијата и на таков посебен стадион за мене. Горд сум што станав светски рекордер во натпреварите за националниот тим“, напиша Роналдо на својот Твитер профил.

Португалскиот напаѓач не го одигра целиот натпревар за својата селекција во победата на Пиринејците од 4-0 против Лихтенштајн. Импресионираше како стартер и беше заменет во 78. минута од Гонсало Рамош.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови