Работнички има европски амбиции, но не ја стартуваше пролетта според желбите на тренерот Жикица Тасевски. „Романтичарите“ ремизираа двапати на домашен терен, против Ренова и против Силекс, а денеска (14 часот) и гостуваат на Победа во Кичево.
Трите бода се желба на фудбалерите на Работнички.
„Бодовите против Победа ни се многу важни и ќе сториме се за да ги освоиме. Не стартувавме според желбите и сега едноставно мораме да одиграме на потребното ниво“, истакна младиот напаѓач Петар Петковски.
Победа е последна на табелата и речиси и да нема избор. Мора да атакува на триумф на секој нареден натпревар доколку сака да го избегне најлошото. Прилепчани ќе бидат домаќини на Градскиот стадион во Кичево.
Главен судија на натпреватот е Васко Мавров од Струмица, а ќе му помагаат Ѓорѓи Карајанов (Гевгелија) и Кире Ангеловски (Струмица).
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski