Connect with us

Пике „контра“ Барселона: Суперлигата би го уништила фудбалот

Еден од капитените на Барселона, Жерар Пике, јавно се спротивстави на идејата за Суперлигата која го подели фудбалскиот свет изминатава година. Иако многу клубови се повлекоа по обидот за формирање на „друштвото на богатите“, три клуба сè уште се држат до идејата за формирање на ова натпреварување, а тоа се Барса, Реал и Јувентус.


Пике јавно кажа дека тоа не е добра идеја.

„Кога е во прашање Суперлигата, морам да му се спротивставам на мојот клуб бидејќи лично сум против тој концепт и мислам дека тоа влијае само на големите клубови. Темата за Суперлигата е политизирана во Шпанија, а причина за тоа се медиумите кои се контролирани од луѓето кои навиваат за Суперлигата. Односот на јавноста кон овој проект во Шпанија е драстично различен од оној во Англија“, рече Пике и продолжи:

„Мое мислење е дека Суперлигата го уништува фудбалот бидејќи им одговара само на големите клубови. Мислам дека Барселона и Реал Мадрид направија лоши работи во целата приказна. Свесен сум дека мојата позиција е сосема поинаква од позицијата на Барселона, но од друга страна го разбирам и клубот и зошто го поддржува ова натпреварување. Меѓутоа, кога се во прашање обичните навивачи, љубителите на фудбалот, таа идеја е лоша“, изјави Пике.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови