Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми не е толку сериозно повреден, можеби ќе биде во комбинација и за реванш натпреварот против Вилјареал од четвртфиналето во Лигата на Европа. Тој заработи повреда на стапалото на мечот против Локомотива во хрватското првенство, и за среќа, нема скршеница.
„Аријан Адеми доби сериозно непријатен удар против Локомотива. Има оток на зглобот и лекарскиот тим на Динамо прави се за да го оспособи за настап. Ќе биде трка со времето, но веруваме дека се ќе биде в ред за в четврток“, информираат од Динамо Загреб.
Динамо Загреб го загуби првиот меч на „Максимир“ против Вилјареал со 0-1.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski