Connect with us

Очекувано: Шкендија се раздели со тренерот Ернест Ѓока

Македонскиот првак Шкендија се раздели со тренерот Ернест Ѓока. Албанскиот стратег го плати цехот за катастрофалните игри на тимот во Европа оваа сезона. Шкендија на четири натпревари забележа исто толку порази и не постигна ниту еден гол за 360 минути игра.

Раководството на Шкендија спогодбено го прекина договорот со Ѓока и во наредните неколку дена ќе биде ангажиран нов тренер за стартот на новиот шампионат на Македонија.

Од Тетово доаѓа информација дека еден од најсериозните кандидати е досегашниот селектор на Македонија Игор Ангеловски. Тој од 1 август ќе може и официјално да бара нов ангажман, со оглед дека му истекува договорот со Фудбалската федерација на Македонија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови