Челси доживеа шок во судиското продолжение од дуелот со Саутемптон и ремизираше 3-3, иако водеше во најголемиот тек од натпреварот на „Стемфорд бриџ“. Тимот на Франк Лампард, водеше со 2-0 и со 3-2, но на крајот мораше да се задоволи само со бод.
Нападот на Челси е на германски погон. Два гола постигна Тимо Вернер, а по израмнувањето на Саутемптон преку Дени Ингс и Че Адамс, Каи Хаверц донесе ново водство од 3-2. Сепак, во судиското продолжение Саутемптон стигна до израмнување со голот на Јаник Вестергард.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement