Connect with us

Нагелсман со девојката заминал на скијање, а за отказот од Баерн дознал од медиумите

Баерн Минхен го отпушти Џулијан Нагелсман, најмладиот (35) тренер во историјата на клубот, објавија синоќа „Билд“. Клубот сѐ уште официјално не го потврдил, но јасно е дека Нагелсман е веќе поранешен за Баерн.


Интересно е дека Нагелсман за отказот не дознал од клубот, туку од медиумите. Тој со својата девојка заминал на скијање во Австрија, да се опушти за време на паузата поради репрезентативните натпревари. Се испостави дека тоа е неговиот последен одмор како тренер на Баерн.

Младиот стручњак го презеде Баерн предминатата сезона од Ханси Флик и уште во првата сезона ја освои германската титула. Се чинеше сигурно дека ќе стигне до втор трофеј оваа сезона, но претрпе голем пад во Бундес-лигата од почетокот на 2023 година.

На последните 10 првенствени натпревари победи само петпати, а првото место кое убедливо го држеше и го препушти на Борусија Дортмунд.

Баерн Минхен го очекува првенственото дерби со „милионерите“, додека во четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе вкрсти со можеби најтешкиот противник, Манчестер Сити на Гвардиола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови