Connect with us

Модриќ од следната сезона во Јувентус, ако Зинедин Зидан седне на клупата на „дамата“

Лука Модриќ сѐ уште нема потпишано нов договор со Реал Мадрид. Капитенот на хрватската репрезентација има договор до крајот на сезоната, а Реал доцни со понудата за нов договор.
Сѐ почесто се шпекулира дека Модриќ ќе го напушти Реал на крајот на сезоната, а шпанските медиуми пишуваат дека една од опциите е заминување во Јувентус.


Торинскиот клуб би можел да го смени тренерот на крајот од сезоната, а Зинедин Зидан, поранешниот тренер на Реал Мадрид, треба да го замени Масимилијано Алегри.

Зидан го предводеше Модриќ во Реал од почетокот на 2016 година до крајот на сезоната 2017/18 и повторно од март 2019 година до крајот на сезоната 2020/21.

Шпанците наведуваат и дека 37-годишниот Модриќ е во одлични односи со Зидан, па опцијата за заминување во Јувентус е повеќе од реална.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови