Connect with us

Младиот тим на Шкендија поразен од Хајдук Сплит во ЛШ

Младинскиот тим на Шкендија загуби од Хајдук Сплит со 0-2 на комплексот на ФФМ, во првиот меч од првото коло во Лигата на шампионите за млади фудбалери до 19 години. Реваншот ќе се одигра во Сплит на 20 октомври.


Победникот од овој дуел вкрстува со подобриот од натпреварот меѓу Даугавпилс и Минск. Минск победи со 4-0 во првиот натпревар.

Гостите беа подобар ривал и славеа со двата гола на Филип Чуиќ. Првиот пат погоди во 28. минута, а потоа ја зголеми предноста на Хајдук во 55. минута си посебно убав погодок со лоб удар.

Лигата на шампионите за млади фудбалери е поделена на два дела. Во првиот, истите 32 екипи играат како во сениорската Лига на шампиони и се поделени подеднакво во осум групи. Во вториот, делот каде се Шкендија и Хајдук, има уште 32 клуба кои играат во нокаут – систем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови