Connect with us

Мбапе уште две години во ПСЖ за 200 милиони евра, тврди „Ле Паризиен“

Француската мегаѕвезда Килијан Мбапе ќе остане во Пари Сен Жермен и во наредните две години, тврди „Ле Паризиен“. Според информациите на овој француски медиум, Мбапе се согласил да потпише нов двегодишен договор со „светците“, а за тоа ќе добие неверојатни 200 милиони евра. Тој ќе има годишна плата од 50 милиони евра, а ќе добие и неверојатни 100 милиони евра како награда за потписот на новиот договор.

Мбапе на крајот од оваа сезона ќе стане слободен агент, а се најавуваше негов трансфер во Реал Мадрид. „Ле Паризиен“ тврди дека тој ќе остане во ПСЖ, но засега нема официјална потврда за тоа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови