Connect with us

Манчестер Јунајтед сака да го задржи Кавани и следната сезона

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед сака да го задржи напаѓачот Единсон Кавани и следната сезона. Тој потпиша едногодишен договор со опција за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона доколку и двете страни се задоволни со таквата можност.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер има одлично мислење за Кавани и би сакал да го има во тимот и за следниот шампионат, а преговорите со фудбалерот се веќе отпочнати.

„Разговараме со Еди. Тој е врвен напаѓач и ние би сакале да го задржиме и следната сезона. На Манчестер Јунајтед секогаш му се потребни напаѓачи од врвен калибар“, изјави Оле Гунар Солскјер.

Единсон Кавани има понуда и од аргентинскиот гигант Бока Јуниорс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови