Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Грузија.
Контролните мечеви ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје, со почеток од 17 часот. Првиот дуел избраниците на селекторот Тони Јакимовски го играат на 12. август. Два дена подоцна на програмата е втората контролна пресметка помеѓу овие репрезентации.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 19 години, Тони Јакимовски, за претстојните натпревари се одлучи да ги повика следните фудбалери.
Голмани: Петар Јакимов (Работнички), Љупче Џеков (Академија Пандев);
Одбрана: Хадис Таири (Струга), Христијан Стојановски (Пелистер), Индрит Шакипи (Шкендија), Давор Серафимов (Шкупи), Максим Славков (Македонија Ѓ.П.), Марко Стојилевски (А.П. Брера), Матеј Митревски (Вардар), Анес Мелиќи (Шкендија);
Среден ред: Теодор Николовски (Работнички), Алтин Нурединоски (Њу Старс), Амир Нухија (Шкендија), Дино Михолов (Брегалница), Лорик Каба Јакупи (Шкендија), Димитар Данев (Работнички), Фикрет Љиварека (Работнички), Зани Назифи (Беса), Александар Богданоски (Кожув);
Напад: Никола Величковски (Македонија ЃП), Алекс Митров (Беласица);
Младата репрезентација на Македонија до 19 години, вчера во 13 часот го имаше официјалниот собир во хотел Парк, во Скопје.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski