Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години ремизираше 1-1 против селекцијата на Унгарија. Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одиграа добар натпревар, имаа неколку добри шанси кои не успеаја да ги реализираат.
Противникот прв го отвори резултатот на овој меч. Со гол од пенал во 23. минута, Унгарија поведе со 1-0. Македонија напаѓаше во првото полувреме, создаваше шанси, но без реализација. Првата голема можност за гол ја имаше Љубевски. Манојлов исто така се најде во одлична прилика, но немаше среќа да погоди.
Офанзивната и добра игра, селекцијата на Македонија ја продолжи и во второто полувреме.
Тоа вроди со плод, капитенот Мелиќи постигна погодок за израмнување на резултатот во 55. минута, по една одлично изработена акција. Македонија во второто полувреме не успеа да искористи уште три нови добри можности за постигнување погодок.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski