Connect with us

ЛШ: Мбапе го предизвика, а Бензема му одговори со хет-трик! (ВИДЕО)

Реал Мадрид има победнички гени и успеа да го елиминира Пари Сен Жермен, совладувајќи го со 3-1 на „Сантијаго Бернабеу“. Со тоа ја надомести негативата од првиот меч во Париз, кога загуби минимално.

Килијан Мбапе го предизвика својот соиграч од репрезентацијата Карим Бензема, а тој му одговори со хет-трик.

Мбапе постигна победнички гол во Париз, а вечерва го отвори резултатот во 39.минута. Но, во вториот дел Бензема покажа што знае.

Џанлуиџи Донарума направи катастрофална грешка во 61.минута, а Бензема тоа го казни за израмнување. Во 76.минута, Лука Модриќ фантастично му асистираше за 2-1, а само две минути подоцна зголеми на 3-1, комплетирајќи хет-трик.

Манчестер Сити уште по првиот дуел во Лисабон обезбеди четвртфинале, со оглед дека славеше со 0-5, па вечерва избраниците на Пеп Гвардиола играа во „лер“ за 0-0, а тој им даде шанса и на неколку млади момци, како и на ветеранот Скот Карсон на голот, во второто полувреме.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови