Connect with us

Куман пред Ел Класико: Потребен ни е најдобриот Меси и најдобрата Барса

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, ги сподели своите очекувања за вечерашниот мегадуел против Реал Мадрид во Ла Лига.

„За двата тима ова е многу важен натпревар кој може да го одлучи шампионот. Неодамна постигнавме добри резултати, тимот е самоуверен. Пред нас е многу тежок натпревар против Реал Мадрид, кој напредуваше во текот на сезоната. И ние се бориме за победа. Се надеваме дека Меси повторно ќе има одлучувачка улога. Потребен ни е најдобриот Меси и најдобрата Барса. Сè мора да се направи совршено за да се победи Реал Мадрид“, вели холандскиот стратег.

На девет кола до крајот на Ла Лига, Реал Мадрид е третопласиран со 63 бода, а Барселона е на втората позиција со 65 бода, еден повеќе од лидерот Атлетико Мадрид.

Ел Класико е закажано за вечерва во 21 часот на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови