Connect with us

„Кралевите“ со пресврт славеа против Еспањол (ВИДЕО)

Реал Мадрид го совлада Еспањол со 3-1 на „Сантијаго Бернабеу“ и се доближи на шест бода негатива во однос на лидерот Барселона. Хоселу во осмата минута ги изненади „кралевите“, но тимот на Карло Анчелоти сепак успеа да направи пресврт до полувремето.

Винисиус Жуниор израмни на 1-1 во 23.минута, а Едгар Милитао донесе предност во 39.минута.

Во завршницата од мечот, Марко Асенсио го потврди триумфот со погодок за 3-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови