Connect with us

Клоп: Ние премногу брзавме, Аталанта заслужи пласман во полуфиналето

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ја коментираше елиминацијата на неговиот тим во четвртфиналето на Лига Европа. „Црвените“ не успеаја да се квалификуваат за најдобрите четири во натпреварувањето, откако пред една недела беа поразени од Аталанта со 0-3 на „Енфилд“, а во реваншот победија само со 1-0.


„Јасно беше дека си поставивме огромна пречка. Навистина уживав во играта вечерва со желбата и силата што ја покажаа момците. Беше навистина тешко и понекогаш бевме премногу избрзани. Го добивме натпреварот и тоа беше реакцијата што сакавме да ја покажеме. Беше тешко и знаевме дека ќе биде, но тие заслужуваат да одат понатаму 100%. Мораме да се фокусираме на Премиер-лигата и токму тоа ќе го правиме од сега па натаму. Го добивме натпреварот, па се враќаме на победничките патеки. Имаме неколку дена да се опоравиме пред повторно да играме со Фулам. Ќе биде поинаков натпревар, но ќе биде тешко“, изјави Клоп.

Тоа значи дека Јирген Клоп ќе си замине од градот на Битлси само со еден голем европски трофеј – Лигата на шампионите освоена во 2019 година. Сепак, Германецот може да освои уште еден трофеј, бидејќи на еден месец пред крајот на шампионатот во Премиер – лигата, неговиот тим заостанува само два бода зад лидерот Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови