Connect with us

Кепа Аризабалага на позајмица во Ница

Голманот на Челси, Кепа Аризабалага, може да биде позајмен во Ница во Франција, откриваат тамошните медиуми. Клубот од Азурниот брег е во потрага по квалитетен голман кој ќе го замени Валтер Бенитез по неговиот трансфер во холандскиот ПСВ Ајндховен.


Челси го привлече Кепа во 2018 година од Атлетик Билбао, плаќајќи за Шпанецот 80 милиони евра и ангажирајќи го со седумгодишен договор.

Сепак, неговата кариера не напредуваше според очекувањата на Островот и сега е втор избор на менаџерот Томас Тухел, кој главно се потпира на Едуард Менди.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови