Connect with us

Канатларовски го објави списокот на фудбалери за мечот против Молдавија

Фудбалската репрезентацијата на Македонија до 21 година во октомври ги продолжува квалификациите за пласман на ЕП 2025 во Словачка.

Победа против Шведска и пораз од Холандија се двата натпревари кои остануваат во архива, а на 17.октомври следи мечот против Молдавија.

„Како што одминува времето и правиме сѐ повеќе анализи, така уште повеќе ни е жал што не извлековме позитивен резултат и против Холандија. Реалноста е дека имавме неколку шанси во првото полувреме први да постигнеме гол, но и дека потоа имаше пад во играта што Холанѓаните го искористија. Сега нѐ очекува меч против Молдавија, можеби и клучен во овие квалификации, едноставно мора да победиме. И верувам дека сите ние, вклучувајќи ги секако и фудбалерите, мора да се носиме со тој притисок и да ја оствариме целта“, изјави селекторот Драган Канатларовски на денешната прес-конференција.


Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски, го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварот против Молдавија во рамките на третото квалификациско коло од групата Ц.

ГОЛМАНИ:

Марко Алчевски – А.П. Брера

Стефан Митрев – Кожуф

Иван Николоски – Победа

ОДБРАНА:

Михаил Димитриевски – Брегалница

Стефан Деспотовски – Работнички

Решат Рамадани – Динамо Киев, Украина

Имран Фетаи – Кожуф

Андреј Стојчевски – Жилина, Словачка

Виктор Крстевски – Гостивар

Марио Ричков – Шкупи

СРЕДЕН РЕД:

Иван Николов – Сондеријске, Данска

Хамза Рамани – Шкупи

Лука Станковски – Газиантеп, Турција

Алекс Златков – Шкупи

Димитар Тодоровски – Работнички

Матеј Ангелов – Работнички

Ване Крстевски – А.П. Брера

Берат Калкан – Каршијака, Турција

Бехар Фета – Марибор, Словенија

Методи Максимов – Шкендија

НАПАД:

Марио Илиевски – Кишварда, Унгарија

Луан Абази – Шкупи

Христијан Малески – А.П. Брера

Квалификацискиот меч против Молдавија ќе биде одигран на 17. октомври, на стадионот Зимбру, во Кишињев, со почеток во 17 часот по локално време.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови