Connect with us

Кајл Вокер неизвесен за дербито со Арсенал

Една недела пред дербито против Арсенал, капитенот на Манчестер Сити, Кајл Вокер, е под знак прашалник за натпреварот, откако заработи повреда на последниот тест на Англија против Бразил. Десниот бек ги предводеше сонародниците со капитенската лента, но во 20. минута беше заменет откако почувствува болка во левата нога.


Повеќе информации се очекуваат откако искусниот фудбалер ќе биде подложен на детален лекарски преглед.

Манчестер Сити се бори за титулата со Арсенал и си Ливерпул. Натпреварот против „топчиите“ е на „Итихад“ на 31 март.

Кајл Вокер пропушти само два од 28 натпревари на Сити во Премиер – лигата досега оваа сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови