Connect with us

Јувентус се спаси од пораз, а ќе жали за победата против Салернитана (ВИДЕО)

Јувентус се спаси од пораз (2-2) против Салернитана во судиското продолжение, но ќе жали за непризнатиот гол на Аркадиуш Милик во 97.минута со кој можеше и до победа. Судијата Марченаро ја погледна ВАР снимката и одлучи дека Бонучи се наоѓал во офсајд позиција и влијаел на играта при голот на Милик.

Претходно, во 93.минута, Леонардо Бонучи го спаси Јуве од пораз, откако не реализира пенал, потоа погоди.

Антонио Кандрева и Кжиштоф Пјонтек од пенал во првото полувреме донесоа водство за Салернитана. Бремер намали во 51.минута.

Милик, Квадрадо и тренерот Алегри добија црвени картони кај Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови