Connect with us

Инзаги: Огорчени сме, во ерата на ВАР ова е неприфатливо да се случи

Симоне Инзаги жестоко го критикуваше ВАР системот и судијата Даниеле Кифи, кој го водеше натпреварот меѓу Интер и Јувентус во 27. коло од италијанската Серија А. Победник во „Дербито на Италија“ излезе клубот од Торино со 0-1.


Судијата не го потенцираше играњето со рака на Адриен Рабио и на Душан Влаховиќ, а „нероаѕурите“ сметаат дека тоа е неприфатливо.

„Чувството е горко и разочарувачко по овој пораз кој се случи на овој начин. Примивме гол кој е неприфатлив во ВАР ерата. Уште понеприфатливо и непочитување е да се слушне како велат дека нема јасни снимки. Огорчени сме“, изјави Инзаги за италијанскиот медиум „ДАЗН“.

Екипата на Интер доминираше со поседот на топката на натпреварот на стадионот „Џузепе Меаца“ и во неколку наврати сериозно се закани кон голот на Војчех Шчешни, но на крајот беа непријатно изненадени по еден контранапад.

„Сме играле многу пати против Јувентус, знаевме дека тие ќе бидат опасни при контранапади бидејќи тоа е нивната главна закана. Направивме повеќе грешки од вообичаено, но тука зборуваме за натпревар која беше решен по судиска грешка и го забави нашиот напредок. Момците видоа што се случи на теренот, но останаа фокусирани во вториот дел и покрај околностите“, додаде Инзаги.

Поразот беше вкупно трет во последните 4 натпревари за Интер и го остави тимот на третото место во Серија А. Јувентус, од друга страна, е на пат да направи нешто неверојатно бидејќи стигна на 7 бода од Топ 4 и сега може да се надева на пласман во Лигата на шампионите и покрај астрономската казна од 15 бода поради финансиски измами.

Ова не е сѐ од трилерот меѓу Интер и Јувентус оваа сезона, бидејќи двата тима допрва треба да се сретнат и во полуфиналето на Купот на Италија. Првиот натпревар е на 4 април во Торино, а реваншот во Милано е закажан за 26 април.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови