Скорешните разочарувачки резултати на Тотенхем се чини дека ја доведоа во прашање иднината на Жозе Мурињо на кормилото на англискиот клуб.
Бродот на Мурињо почна да тоне од испаѓањето на Тотенхем во ФА Купот, потоа следеше пораз од Вест Хем во Премиер Лигата, а се ова кулуминираше со шокантната елиминација одЗагреб во Лигата на Европа, без разлика на предноста од 2:0 од првиот натпревар.
Сепак, шпанска “Марка” тврди дека Тотенхем нема да може лесно да се ослободи од португалскиот стратег, бидејќи во неговиот договор постои клаузола вредна 40 милиони евра која се активира во случај на прекин на соработката.
“Специјалниот” седна на клупата на Спарс како наследник на Маурисио Почетино на 20 ноември 2019 година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski