Connect with us

Хулиганот кој го нападна Дмитровиќ дури 40 години нема да смее да го гледа ПСВ Ајндховен

Хулиганот кој влета на мечот ПСВ Ајндховен – Севилја од Лига Европа и го нападна српскиот голман Марко Дмитровиќ доби жестока казна од клубот – 40 години забрана да влезе на стадионот.


Забраната за хулиганот се однесува за сите категории на натпревари на ПСВ Ајндховен.

Холандскиот клуб му изрече драконска казна на хулиганот кој направи голем скандал во Лига Европа откако го нападна Дмитровиќ среде натпревар. Тоа е всушност втора поселдовна забрана, затоа што хулиганот и за време на овој натпревар бил под забрана дека не смее да биде на стадионот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови