Поранешниот фудбалер на ФК Победа, Христијан Петрески е назначен за нов спортски директор на прилепскиот прволигаш, информираат официјално од клубот.
Со одлука на Бордот на директори на Победа, Петрески доаѓа на испразнетото место спортски директор во клубот. Тој досега ја извршуваше функцијата технички секретар во ФК Победа.
Петрески е дете на Победа, ги минал сите клупски категории од пионерска до сениорска конкуренција, а беше и капитен на прилепските црвено-бели.
Како што е познато, Победа во моментов е и без претседателот на клубот по оставката пред три дена на Небојша Стојковиќ.
„Одлуката да се повлечам од претседателската функција е од чисто лични причини. Би сакал да се заблагодарам за соработката на сите мои досегашни соработници, посебно на спонзорите за вложувањата во клубот особено во ситуација кога екипата не игра во Прилеп. На клубот му посакувам успешно продолжение на сезоната – опстанок во Првата лига и освојување на пехарот во Купот на Македонија“ – изјави тогаш Стојковиќ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski