Connect with us

Гути: Зидан е вистинскиот избор за клупата на Реал Мадрид

Шпанските медиуми повторно ја актуелизираа темата за наследникот на Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид. Во јавноста кружат четири имиња, Чаби Алонсо, Зинедин Зидан, Алваро Арбелоа и Раул Гонзалес. Ова е наводно „четворката“ зад која се крие следниот тренер на Реал Мадрид.


Во емисијата „Ел Чирингито“ гостуваше Гути, легендарниот играч за врска на Реал Мадрид. Овој 46-годишен Шпанец е убеден дека Зинедин Зидан е единствениот вистински избор за нов тренер на Реал. Тој објасни зошто мисли дека враќањето на Французинот би било најдоброто решение за „кралскиот клуб“.

„Што се однесува до мене, Зидан е најдобриот можен тренер за Реал Мадрид. Тој е совршен за овој тим и за оваа средина, Флорентино Перез многу добро го знае тоа. Флорентино секако размислува за Чаби Алонсо, но никогаш не треба ништо да исклучувате кога е Реал во прашање. Никој не мислеше и дека Карло Анчелоти ќе се врати во Мадрид, па донесе нови титули“, изјави Гути.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови