Connect with us

Ѓока: Имавме други планови, но слабата реализација беше клучна

Шкендија имаше очајно лето во Европа. Четири меча, четири порази, без ниеден постигнат гол. Тренерот Ернест Ѓока нема некое посебно објаснување за катастрофалните изданија на тимот.

„Можам да кажам дека се трудевме максимално за да успееме. Но, бевме далеку. Имавме други планови, но, за жал, многу брзо ставаме крај на европските настапи. Мислам дека слабата реализација не уништи. И на овој меч беше така“, изјави Ернест Ѓока.

Шкендија е елиминирана со вкупни 0-3 од летонскиот првак Рига. Претходно со вкупни 0-6 беше исфрлена и од Мура во квалификациите за Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови