Connect with us

Фудбалерите до 19 години ги добија ривалите за елитните квалификации за ЕП

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години ги доби ривалите за елитната рунда од квалификациите за ЕП во 2024 година. Селекцијата на Тони Јакимовски ќе биде дел од групата 7, со селекциите на Швајцарија, Украина и на Летонија.


Елитната рунда од квалификациите ќе се одржи во периодот од 18 до 26 март следната година во Македонија, дополнително ќе биде одлучено дали во Скопје или во Струмица.

Пласман на Европското првенство во Северна Ирска ќе обезбедат победниците на седумте групи од елитните квалификации.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови