Фиорентина е подготвена да го продаде напаѓачот Душан Влаховиќ за 70 милиони евра, изјави спортскиот директор на Виола, Даниеле Праде. Младиот српски напаѓач го привлече вниманието на Јувентус и Арсенал, но Фиорентина не сака да го пушти беа да ја добие соодветната отштета.
Договорот на Влаховиќ со „виолетовите“ истекува во јуни 2023 година, а сопственикот на клубот Роко Комисо во октомври минатата година објави дека српскиот напаѓач не сака да потпише нов договор.
„Добивме многу значајни понуди, но никогаш не добивме одговор од неговите претставници“, рече Праде.
Влаховиќ оваа сезона постигна 17 гола и моментно го дели првото место на листата на стрелците во Серија А заедно со напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле.
Влаховиќ треба да потпише договор до јуни 2026 година, а ќе заработува 7 милиони евра по сезона, плус бонуси, што е речиси двојно од неговата сегашна плата во Фиорентина.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski