Connect with us

Елмас со Наполи го освои „скудетото“ (ВИДЕО)

Елиф Елмас со тимот Наполи стана шампион на Италија. Лидерот во Серија А конечно ја заврши работата откако на гостувањето во Удине одигра 1-1 против Удинезе и на пет кола пред крајот има недостижни 16 бода предност во однос на Лацио.

Ова е прв шампионски трофеј на Наполи по ерата на Диего Армандо Марадона.

Тоа е прв шампионски пехар и за Елиф Елмас во кариерата во Серија А. Со тоа му се придружи на Горан Пандев како освојувач на „скудетото“.


Удинезе поведе со голот на Санди Ловриќ во 13.минута, но израмни Виктор Осимен во 53.минута и постигна гол за верификување на шампионската титула.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови