Струга ТЛ заврши на првото место по првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига откако го доби дуелот против Брегалница со 2-1. Двоен стрелец беше Басиру Компаоре, а тренерот Шпетим Дуро истакнува дека неговиот тим заслужено е на врвот.
„Ова беше натпревар кој требаше да го решиме многу побрзо бидејќи создадовме неколку одлични шанси за гол. Сепак, убаве секогаш кога ќе се победи. Ќе водиме голема борба за титулата со Шкупи и со Шкендија, но ние сме актуелни шампиони и главни фаворити за титулата. Игравме и во Европа, имавме згуснат распоред, но сето тоа го издржавме и на крајот заслужено сме на првата позициа“, истакна тренерот на Струга Трим Лум.
Стружани имаат еден бод предност пред Шкупи и четири пред Шкендија, по одиграните 18 кола во првенството. Сега следи пауза, а шампионатот продолжува во средината на февруари.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski