Connect with us

Доријан Бабунски со десеттиот гол донесе нов триумф за Дебрецен (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски игра во одлична форма во првенството на Унгарија. Тој го постигна својот десетти погодок оваа сезона и донесе триумф за Дебрецен на гостувањето кај Кишварда (0-1).

Доријан Бабунски стрелаше во 48.минута по една одлична тимска акција која почна од сопствениот шеснаесетник.

Марио Илиевски во тимот на Кишварда влезе во игра во 71.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови