Шкендија по европската одисеја ќе се насочи кон домашната сцена, а прв ривал на тетовци ќе биде Силекс. Поради суспензијата од минатата сезона, Шкендија ќе биде домаќин во Струга ТЛ, но, сепак, криниот напаѓач Љупчо Дориев очекува триумф.
„Новата натпреварувачка сезона ја започнуваме со висока мотивација и со единствена цел да ја вратиме титулата шампион на Македонија. Имаме добар и компактен тим, а тоа се виде и на натпреварите во европските натпреварувања, каде што докажавме дека имаме капацитет да се соочиме со секој противник. Посакувам новата натпреварувачка сезона да ја отвориме со победа против Силекс“ , вели Љупчо Дориев.
Кратовци на стартот славеа против Работнички со 2-0, а сега сакаат да останат непоразени и против Шкендија.
Прилеп по повеќе од една деценија повторно ќе биде домаќин на прволигашки меч. Победа на домашен терен го пречекува Тиквеш. Работнички и Академија Пандев во меѓусебна пресметка ќе се обидат да стигнат до прв позитивен резултат во новата сезона, а интересно ќе биде во Штип каде се среќаваат Брегалница и Струга ТЛ. Двете екипи во првото коло остварија победи.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА – 2. КОЛО (денеска, 17 ч.)
БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ
ПОБЕДА – ТИКВЕШ
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Слободен е СКОПЈЕ
ВЧЕРА
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski