Connect with us

Дешамп: Мбапе знае одлично да ги разреши проблемите

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп по победата на репрезентацијата против Полска (3-1) во осминафиналето на Светското првенство во Катар упати пофалби за напаѓачот Килијан Мбапе. Тој вели дека Мбапе знае добро да ги реши проблемите во нападот.

„Не беше лесно затоа што полскиот тим беше добро организиран да игра на контранапади, но ние успеавме да се извлечеме од тоа“, изјави Дешамп.

Според него, од почетокот на Мундијалот има единство во француската селекција, а тоа конкретно се виде денеска.

„Сите со нетрпение го очекуваме секој следен меч. Сега ќе имаме малку време да уживаме со членовите на нашите семејства“, додаде Дешамп.

Француската фудбалска репрезентација се пласира во четвртфиналето на Светското првенство. Актуелните светски шампиони го чекаат победникот од вечерашната пресметка меѓу Англија и Сенегал во четвртфиналето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови